25-годишно момче загина во сообраќајка кај Куманово

Од:

Дваесет и петгодишно момче од Крива Паланка загина во сообраќајна несреќа што се случи денеска на стариот пат Куманово – Скопје во близина на кумановското село Љубодраг.

Несреќата, како што информира кумановската полиција, се случила околу 12:30 часот кога директно се судриле автомобил марка „пасат“ со кумановски таблички управуван од И.А. (1971) и автомобил марка „тико“ управувано од 24-годишниот В.Н. кој заедно со загинатиот И.Н. се движел кон Скопје.

Увид на местото на настанот извршија увидна екипа на СВР Куманово, истражен судија и јавен обвинител. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски