Загреб за Нова година нема да има огномет

Од:

Хрватскиот главен град Загреб ја прифати иницијативата на здружението „Пријатели на животните“ и за прославата на Нова година нема да организира огномет. Наместо тоа, граѓаните на централниот плоштад ќе ја дочекаат Новата година со шарени конфети, визуелни ефекти и богата музичка програма.

Со оваа одлука, градот Загреб ја прифати иницијативата, која претходно ја поддржаа повеќе хрватски градови, меѓу кои Осијек, Риека, Пула, Опатија, Самобор и други.

Хрватското здружение „Пријатели на животните“ претходно го повикаа Градот Загреб да не организира огномет за новогодишната ноќ, велејќи дека огнометот има негативни ефекти врз животната средина, влијае на респираторните и кардиоваскуларни проблеми кај луѓето и предизвикува паничен страв кај многу животни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Притворена е мајката која со тригодишната ќерка влезе во Сава, по детето се уште се трага

Горан Наумовски

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Загреб: Мајка влегла во Сава со своето девојче

Горан Наумовски

Мајка со дете влегла во Сава, во тек е потрага по детето

Горан Наумовски