СДСМ: Со новиот Буџет Муцунски за прв пат ја задолжува Општина Аеродром за 330 милиони денари

Од:

„Во време на светска економска криза, во услови на високи каматни стапки Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ предвидуваат задолжување од 5,4 милиони евра за прв пат од основањето на Општина Аеродром. ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром го усвои предлог Буџетот за 2023 година со кој се предвидува задолжување од 330 милиони денари (5,4 милиони евра) преку издавање на долгорочни домашни обврзници“, велат од СДСМ.

„Аеродром од своето основање во 2005 година, до денес, важеше за една од најбогатите општини во државата која најголем дел од своите проекти ги финансирала со сопствени средства, а помал дел со донации и поддршка од централната власт.

Дополнително, сите амандмани на советничката група на СДСМ и коалицијата беа одбиени од страна на Муцунски и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ.

Со овие амандмани се предлагаше: целосна реконструкција на ул. Симеон Кавракиров, зголемување на еднократна парична помош за новороденче од 8.000 денари на 20.000 денари, зголемување на еднократна парична помош за прваче од 3.000 денари на 5.000 денари, изградба на ново училиште кај Американ колеџ, обезбедување на наставно – образовни помагала и училишни материјали за основните училишта во вредност од 250.000 денари, реновирање на 2 детски игралишта во Ново Лисиче, реновирање на плочници пред влезовите на неколку згради на бул. АСНОМ и бул. Јане Сандански, финансиска поддршка на 50 нови микро претпријатија во висина од 150.000 денари, зголемување на нето месечниот надоместок на сезонските работници задолжени за одржување на хигиената од 18.000 на 20.000 денари, отворање на дневен центар за деца со посебни потреби од предшколска возраст, воведување на еднократна парична помош во висина од 8.000 денари за семејствата со деца со посебни потреби, како и изведба на тартан патека на потегот од Лукоил до ОУ Ѓорѓија Пулески.

Тимчо Муцунски и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ преку одбивањето на овие амандмани уште еднаш покажаа отсуство на слух и грижа за реалните потреби на жителите на Аеродром.

Со тоа уште еднаш покажаа дека и наредната година имаат намера да ја потрошат во празни ветувања и евтина пропаганда, наместо на развојни проекти и реализација на дадените ветувања пред граѓаните“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче