СДСМ: Хаосот во Скопје е одговорност на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Арсовска и Левица

Од:

„Една година Град Скопје тоне во безидејност, без ниту еден нов проект, без каков било план за развој. Дури и основните услуги на градот не функционираат, јавниот превоз е во колапс а катастрофална е состојбата и во другите јавни градски претпријатија“, соопшти СДСМ.

„Хаосот што му се случува на Скопје е одговорност на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска и Левица која се потврди со гласањето на Буџетот на Град Скопје за 2023 година.

И градоначалничката и претседателот но и мнозинството во Советот, како и мнозинството во управните одбори на јавните градски претпријатија се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија е најодговорна за катастрофата во главниот град.

Една година градска власт е една година стагнација на Скопје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он