Зеленски: Во Бахмут нема место кое не е прекриено со крв

Од:

„Нема место во источниот град Бахмут кое не е облеано во крв“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешната изјава.

Тој додаде дека само неколку цивили останале во градот, каде пред војната со Русија живееле 70.000 луѓе.

„Нема час кога не се слуша страшниот звук на артилерија. Сепак, Бахмут стои“, рече Зеленски.

Градот во источниот регион на Доњецк со месеци трпи немилосрдни борби. Руските трупи се обидуваат да навлезат во областа и прават напори да преземат целосна контрола над Донбас, потпирајќи се најмногу на платеници.

Зеленски го посети Бахмут претходно во декември и го опиша градот како „украинска тврдина на линијата на фронтот“. Битката во Бахмут стана една од најжестоките во војната досега, а жителите и во зимски услови беа принудени да се засолнат под земја.

Некои воени аналитичари велат дека Бахмут е од мала стратешка вредност за Русија, но други тврдат дека неговото заземање ќе го отвори патот кон Славјанск и Краматорск – два важни индустриски центри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски