Во скопските гимназии „Георги Димитров“ и „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Михаило Пупин“ нешто пред 15 часот стигнале закани за наводни поставени бомби. Учениците се евакуирани. Полицијата ќе врши антитерористичка проверка.
И оваа седмица продолжуваат заканите за поставени бомби низ учлиштата во Скопје, а во претходните денови закани имаше и во други градови. Вчера имаше дојави во 19 училишта.
Закани за бомби во скопските училишта пристигнуваат повеќе од два месеци.