Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас денеска и утре ќе биде во посета на Света Гора, прва на шеф на грчката дипломатија по пауза од 11 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР соопштија дека Дендиас ќе присуствува на вонредна седница на Светата заедница, ќе ги посети управата на Света Гора и два од манастирите, додека пак утре ќе посети други два манастири.
Додаваат дека станува збор за прва посета на министер за надворешни работи на Грција на Света Гора од 2011 година и посочуваат дека управителот кој ја претставува грчката Влада во Света Гора е под надзор на шефот на дипломатијата.
Извор: МИА