Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида денеска го разреши министерот одговорен за об нова на Фукушима, Кенија Акиба, кој е обвинет за лошо управување со политичките и изборните фондови и за поврзаност со Црквата на обединување.
Акиба е четврти сменет министер во изминатите два месеца. Разрешувањето на Акиба е обид на Кишида да ги елиминира слабостите во неговиот кабинет.
Рејтингот на јапонскиот премиер е намален поради поврзаноста на голем број пратеници од неговата Либерално-демократска партија со Црквата на обединување, што беа обелоденети по убиството на поранешниот премиер Шинѕо Абе.
Црквата на обединување е обвинета дека ги тера нејзините следбеници за да даваат огромни донации. Новиот закон донесен претходно овој месец има за цел да ги спречи таквите активности.
Извор: МИА