Австриска министерка: Не е прашање дали ќе има прекини на струја во Европа, туку кога

Од:

Веројатноста за прекини на струја во делови од Европската унија во блиска иднина е многу голема, тврди австриската министерка за одбрана Клаудија Танер. „Мораме да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа, предупреди Танер, пренесува N1.

Министерката Клаудија Танер во интервју за германскиот весник „Велт“ откри дека очекува наскоро да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската унија, пишува „Клајн цајтунг“. „Не е прашање дали, прашање е кога“, рече Танер.

Таа нагласи дека ризикот од широко распространети прекини на струја е значително зголемен поради војната во Украина. „За Путин, хакерските напади врз западното снабдување со електрична енергија се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека тоа е само теорија. Мораме да се подготвиме за прекини во Австрија и Европа“, рече Танер.

Таа изјави дека една третина од австриското население може да се најде во ситуации да живее без струја до четири дена.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

120 австриски полицајци „ловеа“ маж кој си ја убил жената и активирал експлозив

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ