Ристовски: Наставата во сите училишта почна без проблеми

Од:

Во сите училишта во Република Македонија денеска наставата почна без проблеми. Новата учебна 2013/2014 година почна за над 200 илјади основци и средношколци. Околу 20.800 првпат седнаа во училишните клупи.

Наставата не почна само во општина Могила, во основното училиште „Кочо Рацин“ во Долно Српци, кое беше опожарено зимава.

Ова денеска го изјави министерот за образование и наука Спиро Ристовски, по пуштањето во употреба на новото основно училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром.

– Апелирам до граѓаните на општина Могила да не бидат злоупотребувани во политички цели. Ние како Влада не правиме политичка селекција на училиштата или општините во кои се вршат санациите и корекциите. Во општина Могила ќе се изврши корекција на објектот. По запалувањето на објектот ќе се извршат сите активности за да се стави во функција тоа училиште, рече Ристовски.

Тој побара да постои и разбирање затоа што, како што рече, мора да се направи проектна анализа, подготовка и адаптација на просторот и да се пристапи кон негово санирање.

Одговарајќи на новинарско прашање, Ристовски рече дека за сите реформи кои се преземаат во образованието СОНК е и ќе биде консултиран.

– Како министер за образование и наука, за сите мои досегашни активности имав интензивни средби со Синдикатот за образование, наука и култура како релевантен партнер и како репрезентативен синдикат во делот на образованието и науката, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ