(ВИДЕО) Кузеска: Најголемите лаги на Мицкоски во 2022 година – 100 електрични автобуси во Скопје

Од:

„2022 година е година на најголемите лаги на Христијан Мицкоски, кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левица. Освен што ги лажеше граѓаните за македонскиот јазик и идентитет, за почетокот на претговорите со ЕУ, Мицкоски ќе остане запаметен и по лагите за Скопје“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Како шпицен градоначалник, Мицкоски на партиски настан најавуваше набавка на 100 електрични автобуси за потребите на ЈСП.

„Со набавка на нови минимум 100 парчиња на електрични автобуси ќе допринесеме за намалување на загадувањето на воздухот и за таа цел изминатиот период остваривме комуникација со многу производители“ кажа Мицкоски на партиски настан во Скопје.

Девет месеци поминаа од тоа ветување на Мицкоски. Не само што нема 100 нови електрични автобуси, туку и тие што ги има веќе не возат. Во меѓувреме се случи хаос и со постоечкиот јавен превоз.

Поради неспособноста на градската власт од ВМРО-ДПМНЕ Скопје за првпат остана без јавен превоз, приватните превозници веќе не возат, ЈСП тоне во долгови, а граѓаните се возат во преполни автобуси кои често пати доцнат со часови.

Цела една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје не презема ништо ниту за загадениот воздух во главниот град. На Мицкоски не може да му се верува“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он