Градоначалникот Коце Трајановски го посети СУГС „Здравко Цветковски“

Од:

Градоначалникот Коце Трајановски денеска со претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, го посетија  СУГС „Здравко Цветковски “ на првиот училиштен ден  од  учебната 2013/ 2014 година.

– Денеска почнува новата учебна година, а за некои од учениците е и прв ден во средношколските клупи, односно тие почнуваат и ново поглавје во нивното образование и живот. Годинава во прва година во средните училишта на Град Скопје се запишани околу 6 700 ученици, а ние постојано вложуваме во подобрувањето на условите  во училиштата за да можат што поуспешно да ги совладуваат наставните програми, да стекнуваат нови знаења и да постигнуваат поголеми успеси.

– Како и изминатите години, така и годинава Градот инвестираше во реконструкција на фискултурните сали и објектите на повеќе училишта, каде што се санирани или заменети целосно покривите, столаријата, подовите на училниците, реновирани се санирарните јазли, односно се одвиваа и други градежни работи, во зависност од приоритетите и потребите на училиштето, за да се подобрат условите за работа на вработените и на учениците. Оваа година од Буџетот на Градот за реконструкција на средните училишта се издвоени околу 47 милиони денари, а во СУГС „Здравко Цветковски“ се реновирани санитарните јазли за кои се издвоени  околу 2 милиони денари – истакна градоначалникот Трајановски.

Директорката на СУГС „Здравко Цветковски“, Драгица Костадинова, во изјавата за медиумите истакна дека  е зголемен интересот за упис во училиштето и годинава тие запишале 5 паралелки повеќе од минатата учебна година, односно 4  во стручното и една паралелка во гимназиското образование.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование