СДСМ: 2022 е година на најголемите лаги на Мицкоски, заложникот на Апасиев

Од:

„Оваа 2022 година е година на најголемите лаги и невистини на Христијан Мицкоски. Немаше период од годината а Мицкоски да не излезе со тешка лага, манипулација или конструкција. Слаб и без став, Мицкоски стана целосен заложник на Димитар Апасиев“, соопшти СДСМ.

„Го лажеше народот дека со прифаќањето на европскиот предлог, ќе следи асимилација и бугаризација.

Лажеше Мицкоски дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект, дека нема да ги започнеме преговорите со ЕУ.

Во годината во која започнавме преговори со ЕУ со заштитен идентитет и јазик, ќе остане запаметено дека се што кажа Мицкоски – излажа.

На Мицкоски не може да му се верува“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ