За жал со разочарување мора да констатираме дека политичката партија СДСМ е влезена во матрицата на создавање лажни вести и ширење на дезинформации, кои се доказ за непознавање на законските процедури и постапки. Денешното соопштение кое се базира само на груби лаги и манипулации е уште една потврда за тоа. Но, тоа е стилот и начинот на кој функционира оваа политичка партија се вели во реакцијата на Општина Аеродром на денешните обвинувања од СДСМ Аеродром.
– Досега во неколку наврати потенциравме дека Општина Аеродром работи законски и транспаретно. Постапката за организирање на јавните настани за новогодишните празници е спроведена преку јавен повик – јавно, транспаретно и согласно сите законските прописи. Токму онака, како што тие бараат во нивното денешно соопштение. Организирањето на јавниот настан има единствена цел, да внесе радост и среќа во депресивната реалност во која СДСМ и нејзините партнери од власта ја донесоа државата. Трите јавни настани кои се организираат за време на предновогодишните празници, општината ќе ја чинат 2 милиони денари, додека за време на владеењето на СДСМ, овој истиот износ е потрошен само за бина и озвучување. Ова е факт кој СДСМ никаде не го споменува во соопштението. Одговорното, отчетно и транспратно работење е приоритет на Општина Аеродром. Потврда за ова се признанијата кои општината ги доби во 2022 година. Бледите соопштенија на СДСМ се само грубо извртување на вистината, маниупилација со факти и лажно информирање на граѓаните. На крајот, апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на тенденциозните манипулациите и ширењето на лажни вести од страна на политичките субјекти. Сите информации за работата на Општина Аеродром се објавуваат јавно и се достапни на секој заинтересиран субјект се наведува во соопштението од Општина Аеродром.