ВИДЕО: Жесток напад на Херсон, осуммина мртви

Од:

Руските сили синоќа жестоко ја нападнаа областа Херсон на југот на Украина, која неодамна беше делумно ослободена, соопшти гувернерот на Херсонската област. Во нападите извршени ден пред Божиќ, руските сили убиле osum цивили и повредиле 17, меѓу кои и едно шестгодишно девојче.

Јарослав Јанушевиќ, гувернерот на Херсонската област, објави дека девојчето е тешко повредено во рускиот напад и е пренесено во болница со повеќе повреди од шрапнели. Нејзината состојба е сериозна, најави тој.

Руските сили ги нападнаа ослободените делови на регионот Херсон 74 пати со артилерија, повеќе ракетни фрлачи, минофрлачи и тенкови, рече тој.

Украинските сили неодамна го ослободија западниот дел на регионот Херсон. Ослободен е целиот дел од тој регион кој се наоѓа западно од реката Днепар, вклучувајќи го и градот Херсон, кој речиси девет месеци беше под руска окупација. Ослободувањето на градот Херсон беше особено значајно бидејќи тој беше единствениот главен град на украинскиот регион кој беше под окупација на руските сили.

Откако се повлекоа на источниот брег на реката Днепро, руските сили немилосрдно ги гранатираат ослободените делови на Херсонската област, убивајќи цивили и уништувајќи ја енергетската инфраструктура.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за едно лице за учество во руската војска

Британските разузнавачи за руското влијание: Нашата безбедност е загрозена

Предраг Петровиќ

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови