Францускиот претседател Емануел Макрон во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените.
-Француските Курди се цел на грозоморен напад во срцето на Париз. Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за своите животи, нивните семејства и најблиските, напиша Макрон на Твитер.
Француската телевизија BFM јави дека три лица се убиени, а четири лица се повредени во пукотница во центарот на Париз кога 69-годишен маж отвори оган врз пешаци на улица во близина на Курдскиот културен центар.
Телевизијата објави дека напаѓачот е уапсен, а полицијата ја повикала јавноста да биде подалеку од областа во Париз, каде што се случило пукањето.
Уапсениот за престрелката им е познат на француските власти бидејќи пред една година нападнал мигрантски камп, објави Ројтерс.
Извор: МИА