Планот за создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа во Запорожје ќе помогне да се спречи нуклеарна катастрофа, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
„Со запирање на гранатирањето во и надвор од зоната околу најголемата електрана во Европа, може да помогне да се избегне нуклеарна катастрофа“, соопшти МААЕ.
МААЕ вели дека иако областа околу централата е релативно мирна во последните недели по интензивното гранатирање, јасна воена активност може да се види во близина на објектот, што укажува на тековните ризици за нуклеарната безбедност.