Две лица се повредени во експлозија на автомобил-бомба во Мелитопол, украински град окупиран од руските сили, објави локален проруски лидер. Владимир Рогов, назначен од Москва за лидер на окупираниот дел од регионот Запорожје, инцидентот го нарече терористички чин.
„Ова е, се разбира, терористички напад зад милитантите на режимот во Киев“, изјави Рогов за агенцијата РИА Новости. Автомобилот експлодирал во паркот Горки во центарот на Мелитопоље, тврди Рогов.
There was an explosion in Melitopol, a car was blown up. According to Russian sources, “saboteurs blew up a car where two persons of Russian special services were driving. Both were seriously injured, one of them had a limb torn off.” pic.twitter.com/N65ie2hzvg
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) December 23, 2022
Снимката која стана вирална на социјалните мрежи покажува автомобил во пламен на улица. Иван Федоров, украинскиот градоначалник на Мелитопол, кој е во егзил, вели дека „автомобилот бил кренат во воздух“.
Идентитетот на повредените не е познат, но познат руски блогер од Мелитопол тврди дека тие се припадници на руската безбедносна служба ФСБ. Досега неколку проруски функционери во Мелитопол се убиени или ранети во слични напади во последните месеци.