Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава објави видео во кое вели дека се вратил на работа во Киев по историската посета на САД.
Оваа недела Зеленски ја напушти Украина за прв пат по 300 дена откако Русија ја започна инвазијата на Украина за да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и да одржи говор во американскиот Конгрес.
„Јас сум во мојот кабинет. Работиме на победа“, рече Зеленски во видеото објавено на социјалните мрежи.