СДСМ: Продолжува хаосот, катастрофа на Скопје му приредија Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска

Од:

„Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска за една година на Скопје му приредија катастрофа, го претворија во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат ниту основните функции за граѓаните. Поради нивната неспосбност во Скопје продолжува хаосот. И наместо да го работат тоа за што се избрани од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се прозиваат за учество во ваклани игри, се навредуваат и клеветат“, соопшти СДСМ.

„Цената за нивните кавги за тоа чии раце се во медот ја плаќаат граѓаните. Скопјани се оставени без јавен превоз, ЈСП тонe во долгови, а ништо не е подобра ситуацијата и во други јавни градски претпријатија.

Сообраќајот е заглавен и поради започнати, раскопани и недовршени улици, зголемено е загадувањето.

Нема проекти, нема бесплатен јавен превоз, нема ни трага од Модерно Скопје, наместо тоа Скопје за прв пат во историјата остана без јавен превоз.

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот, најголем дел од директорите на јавните градски претпријатија и на членовите на управните одбори.

Сите тие на чело со Мицкоски се одговорни за хаосот и катастрофата што му се случува на Скопје.

Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ е големо разочарување за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ