Жените исклучени од факултетите во Авганистан бидејќи не носеле хиџаб и се движеле без придружба

Од:

Универзитетите во Авганистан се забранети за девојките бидејќи „не го почитуваа кодексот на облекување“, соопшти талибанското Министерство за високо образование.

„Студенките кои одеа на универзитет не ги следеа напатствијата за носење хиџаб (шамија што ја покрива главата и вратот). Хиџабот е задолжителен во исламот“, рече министерот Неда Мохамед Надим.

Според него, девојките кои учат надвор од дома не носеле хиџаб ниту биле придружувани од возрасно машко лице.

„Нашата авганистанска чест не дозволува млада муслиманка од една провинција да заврши во друга провинција без придружба на нејзиниот татко, брат или сопруг“, додаде министерот.

Пред два дена талибанските власти одлучија да им забранат на девојките да одат на универзитет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан