Киднапиран, ограбен и убиен: Детали за младиот поштар од Црна Гора пронајден мртов во Морача

Од:

Киднапиран, ограбен и убиен, според првичните информации, е Милош Стаматовиќ (25), поштарот кој беше пронајден мртов во Морача.

Милош Стаматовиќ (25), поштарот од Црна Гора кој исчезна на 17 декември кога отишол да дели пензии, е пронајден мртов во Морача. Кога бил пронајден, рацете му биле врзани. Неговото тело беше пронајдено во вторникот на брегот на реката Морача во населбата Ботун во Подгорица.

Според последните информации од истрагата, се сомнева дека Милош бил киднапиран, ограбен и убиен. Исчезнал на 17 декември околу 06:30 часот кога заминал со торба да дели пензии. Во чантата имал околу 15.000 евра. Неговото исчезнување први го забележале колегите бидејќи не се вратил на крајот од смената. Го пријавиле за исчезнат, а апелот за неговото исчезнување го пренесоа на социјалните мрежи.

Милош Стаматовиќ е по потекло од Даниловград, а полицијата и спасувачите заедно го пребарале теренот, пишува црногорски „Прес“. Потрагата траела со денови, а потоа локален жител го забележал автомобилот на Стаматовиќ.

„Набргу по исчезнувањето, во населбата Ботун, недалеку од коритото на реката Морача, пронајдено е возило во кое младиот човек превезувал пари. Направена е детална истрага и во возилото се пронајдени меѓу 2.000 и 3.000 евра, додека остатокот од парите не е пронајден“, рече соговорник упатен во истрагата.

Во вторникот околу 10 часот е забележано тело како плута по водата во близина на брегот на реката Морача. Рацете биле врзани кога телото било извлечено од водата. Преку легитимирање било утврдено дека се работи за исчезнатиот поштар Милош Стаматовиќ. Телото е пренесено на обдукција за да се утврдат причините за смртта на младиот човек.

Инспекторите се сомневаат во насилна смрт, наредени се бројни вештачења. Се прегледуваат снимките од сите безбедносни камери за да се реконструираат движењата на жртвата за да се утврди дали некој го следи. Пронајдениот автомобил и парите што ги носел Милош се испратени и на вештачење за да се провери дали на нив има траги од ДНК. Според неофицијални информации, Стаматовиќ бил киднапиран, мачен и на крајот убиен. Ќе се проверува и телефонот на Милош за да се види со кого се допишувал, а на инспекторите не им е јасно зошто не му биле земени сите 15.000 евра што ги имал со себе во чантата.

„Начинот на извршување на ова злосторство наликува на рецептот за смрт на злогласните которски кланови. Засега има неофицијални индиции дека младиот човек бил киднапиран, врзан, мачен, убиен и на крајот фрлен во реката“, додава извор.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала