Жан-Пјер: Претседателот Бајден со нетрпение очекува да го пречека претседателот Зеленски во Белата куќа

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска доаѓа во Вашингтон да се сретне со претседателот Џо Бајден, соопшти Белата куќа.

Зеленски ќе се обрати и на заедничка седница на Конгресот.

-Претседателот Бајден го покани претседателот на Украина Володимир Зеленски да го посети Вашингтон за да ја нагласи трајната посветеност на САД кон Украина. Претседателот Бајден со нетрпение очекува да го пречека претседателот Зеленски во Белата куќа, по што претседателот Зеленски ќе се обрати на заедничката седница на Конгресот, да ја покаже силната, двопартиска поддршка за Украина, рече портпаролката Карин Жан-Пјер.

-Пред 300 дена, Русија започна брутален напад врз Украина. Во одговор, претседателот Бајден го повика светот да го подржи народот на Украина во одбраната на својот суверенитет и територијален интегритет.

-За време на посетата, претседателот Бајден ќе објави значаен нов пакет безбедносна помош за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската агресија, рече таа.

Од Белата куќа нагласија дека посетата ќе ја истакне цврстата посветеност на САД за поддршка на Украина колку што е потребно, вклучително и обезбедување економска, хуманитарна и воена помош.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Руската армија го зазеде Угледар во самопрогласената ДНР

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот