Русија и другите земји-членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) ја стабилизираа ситуацијата во Казахстан на почетокот на годината со заедничка операција и спречија „обоена револуција“ во таа земја, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Оваа година Министерството за одбрана на Русија реши многу критични предизвици. На почетокот на годината, заедно со земјите од ОДКС, ја стабилизиравме ситуацијата во Казахстан и ја запревме „обоената револуција“, рече Шојгу на колективниот состанок на Министерството за одбрана.
Земји членки на ОДКБ се Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија, Киргистан и Таџикистан.