Макрон: Франција неодамна испорача дополнително оружје за Украина

Од:

Франција неодамна испорача на Украина ракетни фрлачи и ќе продолжи со испораката на оружје на почетокот на 2023 година, изјави вечерва францускиот претседател Емануел Макрон.

„Франција во последните денови испорача дополнително оружје, ракетни фрлачи ’Кротал’ и воена опрема“, рече Макрон кој престојува на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ стациониран во близина на Египет.

Макрон рече дека испораката ќе продолжи во текот на 2023 година и додаде дека во првите три месеци треба да се испрати муниција.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, Франција испрати 18 топови од типот „Цезар“ со дострел до 40 километри, противтенковски и противвоздушни ракети, како и оклопни возила.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Нетанјаху да се придржува до одлуките на ОН, телото што го создаде Израел

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

Макрон го повика Израел да престане да ескалира, а Хезболах да ги прекине непријателствата

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат