Парламентот на Бугарија изгласа да не се извезува руска нафта надвор од границите

Од:

48-то Народно собрание на Бугарија во прво читање усвои предлог-закон за контрола на примената на отстапувањето (исклучок) за купување, увоз или пренос на сурова нафта транспортирана по море, со потекло од Русија или извезена од Русија во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Предлог-законот го претстави Движењето за права и слободи.

146 од народните избраници гласаа „за“, 44 беа „против“, а четворица „воздржани“. Против предлог-законот се изјаснија пратеници од БСП и популистичкиот „Преродба“. Предлог-законот предлага забрана за извоз на сурова нафта и нафтени деривати oд Русија, кои се предмет на отстапување (исклучок) од страна на ЕУ. Покрај тоа, се предвидува и наметнување данок на додадена вредност и акцизи, со што ќе се гарантира плаќање на давачките на буџетските рати во краток временски период и да се овозможи финансирање на надоместоците за високите цени на горивата во Бугарија.

Предлогот е подготвен во врска со одредбата на ЕУ за Бугарија за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија кои ја дестабилизираат ситуацијата во Украина.

Вицепремиерот и министер за енергетика на Бугарија, Христо Алексиев, соопшти дека руската компанија „Лукоил“ уплатила во буџетот аконтација на данок во износ од 90 милиони лева (45 милиони евра).

Во овој спор е вклучен и општиот данок на доход, кој изнесува 73 милиони лева (36 милиони евра) во врска со регулативата за вкупната добивка. Алексеев најави дека руската компанија донела официјална одлука за пренос на сите економска дејност од Холандија во Бугарија.

Овие 90 милиони лева (45 милиони евра) се повеќе од даноците што „Лукоил“ и ги плати на Бугарија во изминатите 20 години. Затоа, бензинот А-95 во Бугарија чини околу 2,70 лева (1,35 евра) за литар и од месец август, кога започна работата на техничќкиот премиер Галаб Донев, до моментот горивата поевтинуваат во за околу 60-70 стотинки (30-35евроценти).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот