ВИДЕО: Русин се пријавил во војска за да може дедо му да ја зачува старата Лада

Од:

Низ социјалните мрежи се рашири видео реклама во која се повикуваат Русите да се приклучат на војската. Автентичноста на рекламата на Твитер ја потврди Кристо Грозев, истражувач на познатиот сајт за форензика за разузнавање.

Во огласот е прикажан руски дедо кој нема пари, па решил да го продаде својот стар автомобил Лада. Кога потенцијалниот купувач на автомобилот му нуди двојно помалку отколку што побарал, внук му се појавува во униформа на руската армија и вели: „Дедо, го потпишав договорот“. На тоа дедото одговара: „Сега сигурно ќе бидеме во ред“.

Видеото на Твитер го сподели и Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, кој напиша: „Нова реклама за руската армија – едноставно ви нуди да го замените вашиот внук за веќе постоечка Лада“.

„Руските канали дебатираа дали овој оглас за регрутирање е реален или е украинска психолошка операција. На него се прикажани дедо и внук кои живеат во екстремна сиромаштија, каде единственото решение на внукот да ја спаси старата Лада е да се приклучи на војската “, објави Кристо Грозев на Твитер.

Би можело да ве интересира

Русите напредувале 4 километри кај Угљедар, припадниците на ВСУ побегнале од позициите

Предраг Петровиќ

Русија одби: Мировен план само според ситуацијата на теренот

(ВИДЕО) Голем напад со дронови на Русија, наредена евакуација: оштетена трафостаница кај нукеларката во Запорожје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Лавров: Се однесуваат како мали деца

Катерина Ѓуровски

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД