Најмалку осум цивили се убиени во Ирак во „терористички“ напад врз село северно од Багдад, соопштија локалните власти.
Нападот се случил синоќа во регионот Ал Халис.
Група терористи на мотоцикли го нападнаа селото Ал-Бу Бали од три правци, изјави претставник на локалната власт.
Ирак прогласи победа над Исламската држава во 2017 година, но џихадистите сè уште се активни во неколку ирачки области. Цели на нивните напади најчесто се припадници на безбедносните сили.
Извор: МИА