Албанија за воспоставување систем за цивилна заштита ќе потроши 30 милиони евра

Од:

Албанската Влада донесе одлука за воспоставување систем за цивилна заштита, за што ќе потроши 30 милиони евра, кредит обезбеден од Италија.

Министерот за одбрана Нико Пелеши информираше дека е предвидено да се изгради центар за цивилна одбрана, од кој дел ќе бидат оперативни сали поврзани со центарот, изградба на објекти за пребарување и спасување, набавка на опрема за природни непогоди, меѓу кои и хеликоптери за гаснење пожари.

– Владата го усвои договорот меѓу Италија и Албанија за кредит во износ од 30 милиони евра наменети за воспоставување систем за цивилна заштита. Ќе се изградат четири центри за цивилна заштита, а во сите 12 префектури ќе има оперативни сали што ќе бидат мрежно поврзани, додаде Пелеши.

Според него во центрите ќе има структури за пребарување и спасување, ќе биде набавена целата потребна опрема за елементарни непогоди, а за вработените ќе биде спроведена и обука.

– Ќе бидат набавени возила и опрема за пожарникарите. Дел од кредитот ќе биде наменет за набавка на два хеликоптера за гаснење пожари, кои ги немавме. Ќе има и тренинг камп за пожарникари, рече Пелеши.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Албанскиот Парламент ги изгласа новите министри Џачка и Пелеши

Жарко Настоски

Олта Џачка нова шефица на албанската дипломатија, Нико Пелеши министер за одбрана

Жарко Настоски

Албанската Влада се задолжи со еврообврзница од 500 милиони евра