Харви Вајнстин прогласен за виновен и на второто судење за силување

Од:

Врховниот суд во Лос Анџелес во понеделникот го прогласи филмскиот продуцент Харви Вајнстин за виновен за силување, што е втора пресуда за поранешниот моќен холивудски продуцент, објави Ројтерс.

Поротата, исто така, го прогласи Вајнштајн за виновен за силување и сексуална пенетрација со туѓ предмет во кој е вклучена жена. Таа, сепак, го ослободи од обвиненијата поврзани со втората наводна жртва, а не можеше да се произнесе по уште две обвиненија.

70-годишниот Вајнстин веќе отслужува 23-годишна затворска казна откако беше осуден за сексуален напад во Њујорк.

Тој се соочи со седум обвиненија во Лос Анџелес за силување и сексуален напад на четири жени во периодот од 2004 до 2013 година.

Би можело да ве интересира

Харви Вајнстин има леукемија

Документи за Епстин: „Принцот Ендру добиваше секојдневни масажи“