(ВИДЕО) Мицкоски: Македонија има партизирано судство, криминалците се на слобода

Од:

Во Македонија има октроирано и заработено обвинителство и судство од страна на оваа власт, комплетно партизирано и затоа криминалците и нарко бандите се на слобода, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Свети Николе, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Ковачевски дека судството и обвинителството сами можеле да се изборат за праведност.

Мицкоски потенцираше дека тоа октроирано и партизирано судство и обвинителство може да се види и по тоа што од партиски штабови се поставуваат претседатели на Судски совет, Академија за судии и обвинители.

Од друга страна имате коалиција која ја формираат криминалците и владата. Кога имате една таква силна коалиција на владата и криминалците, логично е дека никој од тие криминалци нема да одговара бидејќи власта преку октроираните и партизирани судии и обвинители прави притисок да не бидат обвинети и судени“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека додека има затворени чесни луѓе и патриоти судени за 27 април надвор од принципите на здравата логика, во исто време на слобода има криминалци затоа што се во коалиција со власта.

„Патриоти судени за 27 април, нешто што е надвор од принципите и здравата логика за нешто што не го сториле да седат со години во затвор, а од друга страна имате докажани криминалци, нарко банди кои се шетаат слободно само поради таа непринципиелна коалиција која ја има владата со криминалот и притисокот кој го врши на октроираните обвинители и судии. Тоа е Македонија денеска под чизмата на овој хибриден режим кој го водат ДУИ и СДСМ“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Мицкоски: За брзата пруга од Коридорот 10 има интерес од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа

Ќе се знае кој каде е вработен, но и колкава плата добива

Мицкоски: Нашето стратешко партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

Мицкоски: За помалку од една година исплативме повеќе од девет милијарди денари субвенции