ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

Од:

Во ЕУ годишно има околу 7.000 жртви на трговија со луѓе, а тоа е само врвот на ледениот брег, изјави европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон. Таа презентираше предлози за промени во европските правила за да се постигне подобра борба против оваа појава.

Според податоците на ЕК, штетата предизвикана од трговијата со луѓе во ЕУ е околу 2,7 милијарди евра годишно. Јохансон истакна дека најголем дел од жртвите на трговија со луѓе се жени и деца, граѓани на ЕУ, а најчесто тие стануваат жртви на сексуална експлоатација.

ЕК предлага во иднина намерното користење на услуги од страна на луѓе кои се жртви на трговија со луѓе, како и присилните бракови и нелегалните посвојувања, да се прогласат за кривично дело. Расте бројот на криминалци, но не и на обвинети за трговија со луѓе, рече Јохансон.

Комисијата, исто така, предлага Евростат да собира годишни податоци за трговијата со луѓе во ЕУ. Новите предлози се очекува да бидат оценети од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Податоците на ЕК покажуваат дека најчести жртви на трговија со луѓе се државјаните на Романија, Франција, Италија, Бугарија и Полска од земјите на ЕУ, а меѓу другите земји од Нигерија, Кина, Молдавија, Пакистан и Мароко.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он