Украинската воздушна одбрана денеска собори девет беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство истрелани од руските сили. Ова денеска го соопшти градската управа на Киев на Telegram.
Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена управа во Киев, изјави дека во нападот биле оштетени инфраструктурни објекти и приватни куќи, пренесува украинската агенција Униан.