(ВИДЕО) Шкријељ: Да се обединиме околу стратешките цели

Од:

„Им благодариме на илјадниците граѓани кои синоќа присуствуваат на националната трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во Скопје. Вчера, илјадници граѓани на Скопје но и на другите градови, Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци, Срби, Роми, Власи дадоа поддршка на концептот на СДСМ кој води напред“, рече Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

„СДСМ вчера покажа дека е обединета, сплотена партија како никогаш досега. Енергијата, масовното присуство на вчерашната трибина, но и на претходните трибини одржани во 78 општини се доказ дека политиките на СДСМ се препознаени и ценети од граѓаните.

Граѓаните кажаа дека не се за блокади и неизвесност, туку дека се за напредок, за заедничка европска иднина.

Патот кон таа иднина е со пречки од политички партии и групи кои не и мислат добро на државата, кои сакаат нашето општество да го вратат назад во времето на поделби и изолација.

Затоа, потребно ни е обединување околу стратешките цели, обединување на сите прогресивни сили, обединување на сите нивоа.

СДСМ повторно ја презема одговорноста да ја обезбеди сигурната и стабилната иднина за сите наши граѓани.

Како одговорна партија продолжуваме со мерките и политиките што обезбедуваат подобар животен стандард, реформи во институциите и реализација на уште една стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.

СДСМ останува на страната на прогресот, на успехот, на страната на европската интеграција“, изјави Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он