Европската награда Карло Велики за Зеленски и Украинците

Од:

Наградата Карло Велики за 2023 година им припадна на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на украинскиот народ – соопштија од Дирекцијата за наградата Карло Велики и градот Ахен. Во образложението се наведува дека украинскиот народ под водство на Зеленски не само што го брани суверенитетот на својата земја и животите на своите граѓани, „туку и Европа и европските вредности“.

Во образложението на наградата се нагласува дека Украина е дел од Европа. Населението и владините претставници заслужуваат „охрабрување“ „брзо да ги водат пристапните преговори со Европската Унија“.

За украинскиот народ, Зеленски не е само претседател и врховен командант на армијата, туку и „мотиватор, комуникатор, мотор и врска помеѓу Украина и големата фаланга поддржувачи“. Покрај тоа, Зеленски е посветен на европската вредности, се наведува во образложението.

Во средата, Европскиот Парламент во Стразбур на украинскиот народ му ја додели престижната награда Сахаров. Наградата таму во име на своите сонародници ја примија тројца Украинци кои се посветени на граѓанското општество. Од 24 февруари Русија води агресивна војна против Украина, која се бори за свое постоење со помош на западното оружје.

Наградата Карло Велики се доделува од 1950 година за заслуги во Европа и европското обединување. Името го добила по Карло Велики. Неговата империја се протегала на голем дел од Западна Европа и тој често престојувал во Ахен. Наградата се состои од медал и сертификат – нема пари.

Претходни добитници на наградата Карло Велики се поранешната канцеларка Ангела Меркел, поранешниот британски премиер Тони Блер и францускиот претседател Емануел Макрон. Наградата ја доби и папата Франциск.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Најжестокиот напад на Трамп кон Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“

Горан Наумовски

Зеленски: Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“