Веста дека поранешниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ почина по битка со акутната леукемија ја шокираше и растажи јавноста ширум светот.
Имено, бројни личности од различни сфери се огласија и се простија од фудбалската легенда, а сега тоа го направи и Ерос Рамацоти.
Пејачот се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, а неговата проштална порака расплака многумина.
„Брате, ќе ми недостигаш“, напиша Ерос на српски и италијански.