Легендарниот фудбалер и прославен српски тренер Синиша Михајловиќ почина на 54-годишна возраст.
По веста која го потресе целиот спортски свет, се огласи и неговата ќерка Викторија која на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои се гледа дека била покрај него до самиот крај.
– Сега кога те нема, на секој чекор има празнина. Сепак, нашето долго патување беше кратко, напиша таа.
„Те сакам со сето мое срце тато, чиста, ретка душа, гордоста на мојот живот, мојот херој, мојата голема љубов“, додаде на крајот.