СДСМ: Освен по тендери, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со истата насилничка и режимска матрица

Од:

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија со насилничка и режимска матрица која 11 години ги тероризираше граѓаните и државата, а се грижеше само за тендери и провизии. Кавгите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од една и Данела Арсовска од друга страна, открија шокантни, скандалозни признанија за навреди и закани за влечење по улици и бришење подови“, велат од СДСМ.

„Ако Мицкоски сега од опозиција се заканува на актуелен градоначалник, може само да се замисли како ќе постапува ако по некоја случајност добие шанса да предводи централната власт.

Граѓаните со Мицкоски ги очекуваат закани, насилство, навреди, уцени, ништо добро.

Се виде во изминатите 12 месеци како ВМРО-ДПМНЕ управува со Град Скопје.

Додека Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се расправаат за бизнис влијанија, пари и тендери, граѓаните се заборавени, Град Скопје е во хаос, а јавните претпријатија се во колапс.

Штетата од тоа ја трпат граѓаните на Скопје“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он