„ТАВ Македонија“: Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен

Од:

Меѓународниот Аеродром Скопје утрово преку електронска пошта прими закана за поставенa експлозивнa направa, информираат од оваа институција.

Информацијата, како што додаваат, веднаш беше пријавена до Министерството за внатрешни работи, a истовремено целиот персонал и сите патници или минувачи кои беа затекнати на аеродромот беа безбедно евакуирани, додека единици на Министерството за внатрешни работи прават проверка на објектите на аеродромот.

„Летовите не се откажани, но сообраќајот е моментално запрен, сé додека не добиеме известување од МВР дека е безбедно операциите на аеродромот да продолжат по редовниот распоред”, соопштија од „Тав Македонија“

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски