Родители на ученици од основните училишта во Скопје и утрово се повикани да си ги земат децата поради дојава за бомби, а закани денес добиле и училишта од Битола.
Се евакуираат и ученици од средни училишта.
„Дoсега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел ‘Александар Палас’, хотел ‘Мериот’, трговски центар ‘Ист гејт’, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.
Во писмото со закани што утрово го добиле Меѓународниот Аеродром Скопје, хотелите и спортските објекти заканувачите бараат укинување санкции.