Во тек е итна евакуација на патници и вработени на скопскиот аеродром, откако тамошни служби добиле дојава за наводно поставена бомба.
Закани за поставени бомби утринава се испратени и до седиштето на Фудбалската Федерација на Македонија, Националната Арена „Тодор Проески“, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, хотели.
Полициски сили од Одделот за антитероризам веќе се упатиле кон местото на настанот.
Деновиве цел на дојави за бомби се институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти.
Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и училишта во Куманово.