Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово. Министерството за внатрешни работи и секторот задолжен за проверки, ги завршија сите пребарувања во училишните згради.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (17 основни училишта и 22 средни училишта) и Куманово (осум основни училишта плус еден клон и едно средно училиште), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.