Најмалку 120 луѓе знаеле за наводниот заговор за државен удар во Германија

Од:

Се претпоставува дека најмалку 120 луѓе знаеле за наводните планови на движењето Граѓани на Рајхот за насилно соборување на германската Влада, јави германската новинска агенција ДПА.

Дваесет и пет осомничени беа уапсени во полициска рација ширум Германија на 7 декември поврзани со заговорот.

– За време на претресите, пронајдени се меѓу 120 и 130 изјави во кои луѓето се заколнале на тајност под закана од казна, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер на состанокот на парламентарната комисија за внатрешни работи.

На состанокот се разговарало и за тоа како да се процени колку е опасна групата, чии членови, според безбедносните служби, се вооружени и подготвени да преземат насилни дејствија.

Фесер кон крајот на минатата недела ги објави плановите да ги заостри законите за оружје и да го олесни отпуштање на владини претставници со антивладини убедувања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Три мали авиони се урнаа во Германија, загинаа три лица

Горан Наумовски

Несреќа на градилиште во Германија, еден загина, неколкумина повредени