Општина Аеродром: Сите деца се на безбедно до завршувањето на проверките

Од:

Имајќи ги предвид информациите за поставени бомби во основните училишта во Аеродром, апелираме на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во овие случаи велат од Општина Аеродром.

– Благодарение на брзото постапување, до сега сите дечиња се на безбедно, придружувани од своите родители или наставниот кадар. Според информациите кои ги поседуваме, во сите училишта е спроведен планот за евакуација, кој предвидува децата да бидат на безбедна дистанца од училиштата. Истовремено, родителите се повикани доколку се во можност, да ги земат своите деца од училиште. Општина Аеродром одржува редовна и постојана комуникација со полициските службеници од Министерството за внатрешни работи. Сите наши ресурси се ставени на располагање до целосно завршување на потребните проверки се вели во соопштението од Општината.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Лажни дојави за бомби во средни училишта во Скопје

Катерина Ѓуровски