Во Турција од 1 јануари ќе се наплаќа туристичка такса

Од:

Во Турција од 1 јануари се воведува туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции.

Туристичка такса нема да плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус.

Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, но примената на одлуката беше одложена поради пандемијата со коронавирус.

Претставниците на туристичката индустрија во Турција претходно се изјаснија против воведувањето на таксата со образложение дека тоа ќе ја ослаби конкурентската позиција на земјата, која, за разлика од многу други земји, претходно не наплатуваше туристичка такса.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски