Владимир Путин ги откажа своите традиционални планови за новогодишната ноќ. Тој годинава нема да игра хокеј на Црвениот плоштад, а претходно ја откажа прес-конференцијата и обраќањето пред Федералното собрание на Русија, јавуваат руските медиуми.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека Путин не планира да игра хокеј на Црвениот плоштад оваа новогодишна ноќ.
„Колегите ми кажуваат дека обраќањето би можело да се одржи следната година. Што се однесува до извештаите дека може да биде следната година, секако дека може“, рече Песков.