Имавме единствена шанса да продолжиме на поинаков начин во бугарската политика, изјави Николај Габровски откако не доби поддршка од бугарските пратеници да биде премиер.
Мнозинството во пленарната сала ја отфрли неговата номинација за премиер со 125 гласа „против“. Тој беше назначен од ГЕРБ-СДС за премиер.
-Тоа беше граѓанска иницијатива, храброст што сите ја покажавме, како луѓе и како професионалци, ги заложивме нашите имиња во формирањето на кабинет кој дава надеж, можеби, да започнеме нов пат, посочи тој.
Според него, партиските интереси биле пресилни и затоа е добиен тој резултат при гласањето. И покрај се, тој е задоволен од она што се случи и ни за момент не жали за вложените напори.
– Се помалку сум оптимист за тоа што и претстои на Бугарија. Ако се одигра песимистичкото сценарио, ќе поминеме една година од избори до избори. Очигледно не се случуваат сите чуда околу Божиќ.
Извор: МИА