Учениците од „Јосип Броз – Тито“ се вратија на настава, лажна била и денешната дојава за бомба

Од:

Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ ја продолжи наставата која беше прекината во текот на првиот час, по дојава за бомба. Полицијата направи проверки и дозволи учениците, кои чекаа на улицата спроти училиштето, да се вратат на настава.
Утрово МВР извести дека закани за бомби пријавиле вкупно 15 училишта. Во сите се прават проверки.

„Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Закани за бомби школите добиваат веќе трет месец, а од минатата недела дојави почнаа да добиваат и други институции, згради и трговски центри.

Вчера премиерот Димитар Ковачевски изјави дека е скоро невозможно да се открие од каде доаѓаат дојавите за бомби. Тој и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во повеќе наврати досега изјави дека бомбите се дел од хибридни напади кои имаат цел да се вознемири земјата.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски