А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за поранешен градоначалник, ја злоупотребил својата положба

by А1он14/12/2022 - 09:3214/12/2022 - 09:509458
Share0

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ј.П.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Пријавениот, во својство на овластено лице – градоначалник, во периодот од 2011 до 2015 година во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба со пречекорување на границите на своето службено овластување и постапил спротивно на Законот за јавни набавки. Во 2011, 2012, и 2013 година донел три Решенија за Јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа во вкупен износ од 802.400,00 денари, но и покрај тоа набавил и платил стоки и услуги во износ од 184.192 денари повеќе од предвидените парични средства од Буџетот и надвор од донесеното Решение за јавна набавка за сервисирање на хардвер, софтвер и мрежа. Исто така, пријавениот во текот на 2014 година има донесено Решение за јавна набавка на делови за патнички моторни возила и нивна поправка и одржување”, но и покрај тоа сепак набавил и платил стоки во износ од 25.623 денари повеќе од предвидените парични средства за таа намена и надвор од донесеното Решение од негова страна, велат од МВР.

– Исто така, пријавениот за наведениот период со економски оператор извршил набавка и платил стоки и услуги во вкупен износ од 440.781 денари иако знаел и бил свесен дека стоките и услугите воопшто не се предмет на Договор за спроведени јавни набавки, додека со друг економски оператор извршил и платил стоки и услуги во вкупна вредност од 200.491 денари иако знаел дека платените стоки и услуги воопшто не се предмет на спроведена јавна набавка на склучен Договор за јавна набавка, соопшти МВР.

mvr

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 13:4416/10/2026 - 16:27

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

Катерина Ѓуровски16/10/2026 - 12:40

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он15/10/2026 - 15:5315/10/2026 - 16:53

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он14/10/2026 - 18:3314/10/2026 - 19:04

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

Горан Наумовски14/10/2026 - 16:00

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски12/10/2026 - 13:5412/10/2026 - 15:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео