Нетанјаху: Израел е подготвен за секакво сценарио во Сирија

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел е подготвен за секакво можно сценарио во соседна Сирија, откако американскиот претседател Барак Обама ја одложи употребата на сила врз режимот во Сирија.

„Израел е спокоен и сигурен во себе, граѓаните на Израел знаат дека сме подготвени за секакво можно сценарио, изјави тој пред министрите, пред почетокот на состанокот на кабинетот, пренесуван на јавното радио.

Во земјата постојат стравувања дека нападот врз Сирија би можел да го поттикне сирискиот претседател Башар ал Асад или неговите либански сојузници, групата Хезболах, на освета против соседен Израел, водечки сојузник на САД во тој дел од светот.

– Нашите непријатели имаат многу добри причини да не ги тестираат нашите сили, да не ја тестираат нашата моќ, порача Нетанјаху, додавајќи дека „тие знаат зошто“.

Нетанјаху и претседателот на Израел, Шимон Перес, инсистираат на тоа Израел да не биде вовлечен во крвавиот конфликт во Сирија, но дека ќе одговорат ако бидат нападнати.

Би можело да ве интересира

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он

ИДФ: Убиени се палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ал-Фундук

Горан Наумовски

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски